Вајда не е повеќе во тимот на Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ и Маријан Вајда соработуваа 15 години/фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Долгогодишниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Марјан Вајда повеќе не е во тимот на српскиот тенисер.

Словачкиот стручњак повеќе од 15 години е еден од клучните луѓе во тениската кариера на Новак, но и воопшто во неговиот живот.

Нивната соработка започна пред „Ролан Гарос“ во 2006 година, а ја прекинаа една година во периодот од април 2017 до април 2018 година.

Вајда беше член на тимот на српскиот тениски ас во освојувањето на сите 20 Грен слем титули.

Остатокот од тимот на Ѓоковиќ останува непроменет, тренерот Горан Иванишевиќ, физиотерапевтите Миљан Амановиќ и Улисес Бадио и кондициониот тренер Марко Паники.

Ѓоковиќ се пријави за настап на мастерсот во Мајами

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот