Ѓоковиќ се пријави за настап на мастерсот во Мајами

Новак Ѓоковиќ, вториот светски тенисер/ фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Вториот тенисер на АТП ранг-листата, Новак Ѓоковиќ се пријави за настап на мастерс турнирот во Мајами, но тоа не значи и дека ќе настапи на него,

Организаторите на турнирот во Мајами, денеска го објавија списокот на учесници и на него е името на српскиот тенисер. Ѓоковиќ нема што да загуби, се пријави за настап и се надева дека до стартот на турнирот владата на САД ќе ги ублажи мерките за влез во земјата.

Моментно, лицата кои не се вакцинирани против коронавирусот немаат право да влезат во САД.
Мастерс турнирот во Мајами треба да се игра од 23. март до 3. април, а за настап се пријавени сите тенисери од топ 10 ранг-листата на АТП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот