Уживајте во малку поинаков вкус – Солена дипломат торта

, Image: 393553676, License: Royalty-free, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: FC_Italy / Alamy / Alamy / Profimedia

Тесто:

4 јајца
200 грама кисела павлака
1 прашок за печиво
4 лажици брашно
1 лажичка сол

Фил:

200 грама сирење
200 грама кисела павлака
300 грама салама по ваш избор
100 грама мајонез
100 грама кашкавал

Подготовка:

За да го подготвите тестото за оваа солена торта, јајцата треба да ги изматите со миксер, а потоа во нив да ги додадете киселата павлака, прашокот за печиво, брашното и солта.

Вака подготвеното тесто убаво измешајте го и ставете го да се пече во претходно загреана рерна на температура од 150 степени околу 25 минути.

Откако тестото ќе се испече, извадете го од рерна и оставете го да се излади. Кога ќе ја постигне посакуваната температура, завиткајте го во водена крпа во форма на ролат. Оставете ја кората да отстои неколку минути.

Во подлабок сад, изрендајте го сирењето, додајте ги киселата павлака, ренданата салама, ренданиот кашкавал и мајонезот. Со лажица убаво измешајте ги намирниците.

Одвиткајте го тестото и филувајте го со претходно подготвениот фил. Повторно завиткајте го во ролат.

Одозгора премачкајте го или со мајонез или со кисела павлака. Декорирајте по ваш избор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот