Утврден планот на активности за проектната апликација од „Програмата за подготвителност“
ЗКФ е најголемиот глобален фонд со кој се поддржуваат земјите во развој за справување со климатските промени.
Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, заменикот министер Ѓонул Бајрактар, дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ одржаа координативен состанок со претставниците од Министерството за здравство, Министерството за образование и наука, како и од Германското друштво за меѓународна соработка за поддршка на институциите кои се директно насочени кон развојот на човечкиот капитал од аспект на климатски промени.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Како што рекоа по состанокот ова ќе биде фокусот на третиот проект од „Програмата за подготвителност” на Зелениот климатски фонд (ЗКФ).
Преку видео конференциска врска беше разгледан и утврден Планот на активности за развој на проектна апликација за третиот проект од „Програмата за подготвителност” на ЗКФ, претставен од страна GIZ.
На состанокот се дискутираше за досега реализираните активности и следните ангажмани на секоја од институциите. Беше потенцирано дека секторите здравство, образование и социјала ќе бидат појдовна основа од каде би се утврдиле специфични потреби за секоја област во соработка со засегнатите институции.
ЗКФ е најголемиот глобален фонд со кој се поддржуваат земјите во развој за справување со климатските промени.


