Гасовод Северен тек 1/ Фото EPA-EFE/FILIP SINGER

Европските залихи на гас се сè пониски

Количината на гас во европските подземни складишта е за 16,8 проценти помала во однос на истиот период минатата година, објави рускиот „Газпром“, предупредувајќи за, како што наведува, многу ниско ниво на залихи – пренесе Вјести.ба. Повикувајќи се на податоците од организацијата Гасна инфраструктура Европа, „Газпром“ изјави дека разликата во споредба со минатогодишните залихи продолжила да расте и достигнала 11 милијарди кубни метри на 19 јули.

Европските подземни складишта во моментов се полни со 54 проценти, што е за 15,52 процентни поени под петгодишниот просек за ова време од годината. Во истиот период во 2025 година, 64,8 проценти биле пополнети. Во европските складишта во моментов има околу 59 милијарди кубни метри гас.

– Нивото на зафатеност на европските складишта за гас е многу ниско. Цените на европскиот пазар сè уште не се поволни за надополнување на залихите – соопшти „Газпром.

Компанијата изјави дека во холандскиот трговски центар TTF, цените за испорака на гас за следниот месец се сè уште повисоки од цените договорени за претстојната зимска сезона, што ја намалува економската оправданост на складирањето гас.

Африка сака да стане нов голем снабдувач на гас за Европа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот