УС Опен: Оже-Алиасим си закажа дуел со изненадувањето Алкараз

Тренер на Оже-Алиасим е вујкото на Рафа, Тони Надал/ фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Канадскиот тенисер Феликс Оже-Алиасим се пласира во четвртфиналето на УС Опен. Канаѓанецот во осминафиналето беше подобар од Френсис Тиафо до САД во четири сета и тоа со 4:6,6:2,7:6,6:4.

Во мечот кој траеше три часа и 28 минути, Тиафо го освои првиот сет кој се играше речиси еден час. Тиафо направи брејк уште во првиот гем кој му беше доволен за да го освои со 6:4.
Во вториот сет, Оже-Алиасим при резултат 2:2 направи серија од 4:0 во гемови и успеа да израмни на 1:1 во сетови, за во третиот сет да триумфира во тај-брејкот. Во четвртиот сет, Канаѓанецот чиј тренер е Тони Надал направи брејк уште во првиот гем и со сигурен сервис ја задржа предноста за освојување на сетот кој го однесе во четвртфиналето каде пак го очекува Карлос Алкараз.

Младиот Шпанец кој и вистинско изненадување на УС Опен, во четвртфиналето се пласира по победата во пет сета над Петер Гојовчук од Германија и тоа со 5:7,6:1,5:7,6:2,6:0.

Вториот фаворит, Данил Медведев без многу мака со 6:3,6:4,6:3 го совлада Британецот Еванс и во мечот за пласман во полуфиналето ќе игра со Холанѓанецот Ван де Зандшулп.

Кај дамите, втората носителка Арина Сабаленка се пласира во четвртфиналето по сигурната победа над Елис Мертенс. Сабаленка за само 72 минути игра со 6:4,6:1 ја победи Мертенс и во четвртфиналето ќе се сретне со Барбора Крејчикова од Чешка. Деветтата носителка за 107 минути игра со 6:3,7:6 ја победи Гарбине Мугуруза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот