Урнебесно: Ѕвездата на „Педесет нијанси сиво“ им дозволи на ќерките да го трансформираат во девојка (ФОТО)

инстаграм

Филмскиот заводник кој се прослави преку главната улога во серијата „Педесет нијанси сиво“ го покажа своето друго лице.

Џејми Дорнан во приватниот живот е семеен човек. Тој е татко на три девојчиња, а во една прилика татковството го опишал како најневеројатната работа која постои.

Иако се труди приватниот живот да го задржи што подалеку од очите на јавноста, откри дека за време на изолацијата целосно им се посветил на своите ќерки.

Па така, со последната фотографија откри дека им дозволил на 6-годишната и 4-годишната ќерка да го транформираат во вистинска дама.

„Запознајте ја Џени. Слатка е“, се пошегувал актерот во описот на фотографијата на која позира облечен во фустан, штикли и со сина перика на главата.

инстаграм

Иако не изгледа премногу воодушевено, јасно е дека екипата одлично се забавувала.

Да се потсетиме, Џејми со сопругата го има и девојчето Амлија која неодамна го прослави првиот роденден, а неодамна призна дека ниту сам не е сигурен дали треба да има уште деца. Како што изјави, тој смета дека создаваат одлични деца, но конечната одлука е на неговата сопруга.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот