Анонимен играч од НФЛ-лигата ќе поднесе тужба против авио компанијата „Јунајтед Ерлајнс“ поради сексуален напад во авион, и тоа жена.
НФЛ играчот заедно со уште еден патник кој седел во ист ред бил мета на „сексуални инсинуации“ на обвинетата жена, а персоналот во авионот реагирал дури по четвртата молба да интервенираат.
Според НФЛ играчот, жената се однесувала како да е под дејство на некакви супстанци, а причина за тужбата на авио компанијата е постојаното масирање на колената, потоа и нејзината глава ја ставила на неговите нозе.
Веднаш потоа жената го фатила за непријатното место, по што мажот скокнал и избегал кон стјуардесите, по што тие ја преместиле жената во друг ред.
Тој ја тужи компанијата „Јунајтед Ерлајнс“ бидејќи не сакала да му го соопшти името на жената која ги злоставувала како и имињата на другите патници кои би можеле да бидат сведоци на судењето.