Уништен е мурал на Ноле во Белград
Делото на уметникот и активист Андреј Јосифовски, „Пијанист“, е инспирирано од светскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и неговиот настап на годинашниот Вимблдон, кога Ѓоковиќ со гестикулација го прикажа симболот на студентските протести во Србија.
Во ноќта меѓу понеделник и вторник, непознат лик полеал мурал на Новак Ѓоковиќ со црна боја, објави порталот „Нова“.
Препорачано
Делото на уметникот и активист Андреј Јосифовски, познато како „Пијанист“, е инспирирано од светскиот тенисерски ас Новак Ѓоковиќ за време на годинашниот Вимблдон.
Јосифовски се огласил по повод инцидентот на социјалните мрежи.
„Замислете го тој голем патриот во портокалова јакна со капче, како шета ноќе, застанува пред Новак (ЕЈ, НОВАК!) – го гледа во очи и му истура боја по лицето и телото. Тоа е таа фина српска младина од кафез што сака да учи да црта графити. Одамна го освоивме врвот на дното, но продолжуваме во стартосферата. Не грижи се, брате мој @djokernole – следува одмазда, но без маска, среде ден, така како што ние тоа го правиме,“ напиша Јосифовски, објавувајќи фотографија од оштетениот мурал.
Со ова Јосифовски уште еднаш го нагласи својот став и порача дека инцидентот нема да го обесхрабри, ниту дека ќе ја наруши уметничката симболика на муралот.
View this post on Instagram
Муралот беше создаден како омаж на енергијата и борбеноста на Ѓоковиќ на Вимблдон, каде со своето познато „пумпање“ ја подигнуваше атмосферата и ја мотивираше публиката. „Пумпањето“ е потег кој во Србија го користат студентите како знак на отпор против власта на Александар Вучиќ.
Ѓоковиќ неодамна привлече големо внимание и надвор од спортот, јавно поддржувајќи ги студентите кои бараа одговорност за трагедијата во Нови Сад, кога при уривање на настрешница загинаа 16 лица.
ВИДЕО | Kaко што вети: Ѓоковиќ „пумпаше“ и по втората победа на Вимблдон


