Фото: EPA/TOLGA AKMEN EDITORIAL USE ONLY

ВИДЕО | Kaко што вети: Ѓоковиќ „пумпаше“ и по втората победа на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ со лесна и убедлива победа над Британецот Даниел Еванс, во која загуби само пет гема, се пласираше во третото коло на Вимблдон, а по победата го одржа ветувањето за начинот на прославата за која претходно порача дека ќе го користи по секој триумф.

По завршувањето на мечот, Ѓоковиќ повторно гестикулираше „пумпање“, потег кој во Србија го користат студентите како знак на отпор против власта на Александар Вучиќ.

Со оваа прослава, Новак уште еднаш јавно ја искажа својата поддршка за младите и протестното движење во Србија, нешто што започна по неговиот прв меч на турнирот, кога со истиот потег ги  охрабри поддржувачите на протестите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот