Уметник го изел 120 илјади долари вредното уметничко дело на колегата (ВИДЕО)

Уметничката инсталација проценета на 120.000 американски долари, која се состоеше од банана залепена салотејп на ѕид, во саботата на изложбата „Art Basel Miami“ ја изеде преформерот.

Уметникот Дејвид Датуна на Instagram го сподели својот перформанс наречен „Гладен уметник“. На снимката ѝ се приближува на инсталацијата, ја симнува бананата од ѕидот и ја јаде, опкружен од зачудените посетители на изложбата.

„Ја обожувам уметноста на Маурицио Кателан и многу ми се допаѓа оваа инсталација. Многу е вкусна“, напиша Датуна за делото на споменатиот италијански уметник.

Концептуалниот уметник Кателан е најпознат по златната тоалетна шолја која во рамките на својата желба „America“ ја постави во њујоршкиот музеј „Guggenheim“. Потполно функционалната тоалетна школка од 18 картно злато проценета на 5 милиони долари кон средината на септември годинава беше украдена од изложба во дворецот Бленхајм, стотина километри западно од Лондон.

Уметничката галерија „Porrotin“ објави во петокот дека продала три верзии од инсталацијата со бананите за најмалку 120.000 долари, покренувајќи контроверзии во светот на уметноста.

„Тој не го уништи уметничкото дело. Бананата е идеја“, изјави портпаролот на галеријата, Лисјен Терас.

Тој додаде дека купувачите на ова дело добиле сертификат за автентичноста, што им дало сопственост над идејата, а дека бананите треба да се менуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот