Фото: Скриншот / Јутјуб / УФЦ

УФЦ-борци ќе ги тренираат агентите на ФБИ

Агенти на ФБИ викендов ќе присуствуваат на тренинг што ќе го водат борци од лигата „Ултимејт фајтинг чемпионшип“ (УФЦ), објави „Си-ен-ен“.

Од УФЦ соопштија дека борците „ќе дадат увид во тоа како се подготвуваат за натпревари, како и демонстрација на конкретни техники и тактики, нудејќи им на учесниците уникатна перспектива додека се подготвуваат да работат во теренските канцеларии.“

Тренингот во објектот на ФБИ во Квантико, Вирџинија, доаѓа само неколку месеци пред Белата куќа да биде домаќин на УФЦ борбена вечер, настан што треба да ја одбележи 250-годишнината на САД, на роденденот на претседателот Доналд Трамп. Трамп има долгогодишни врски со УФЦ и со неговиот генерален директор Дејна Вајт, кој беше важен сојузник во неговата кампања во 2024 година и го претстави на Републиканската национална конвенција.

Директорот на ФБИ, Каш Пател, во соопштение изјави дека тренингот со УФЦ е „извонредна можност за агентите на ФБИ да учат и тренираат со некои од најдобрите спортисти“ и дека тоа ќе му помогне на ФБИ „да биде уште подобро подготвено да ги заштити американските граѓани“.

Пател во своето раководење со водечката американска агенција за спроведување на законот внесе и личен имиџ и стил – отстапувајќи од традиционалниот, формален имиџ на претходните директори во темни костуми. Тој гостуваше на поткастот на Џо Роган, објавуваше фотографии на социјалните мрежи како тренира со агенти и на прес-конференции се појавуваше во различни јакни со ознаки на ФБИ.

Џо Роган остро го критикува Трамп: Војната во Иран е луда, Американците се чувствуваат предадени од него

Неговиот нетрадиционален стил беше под лупа минатиот месец, кога на интернет се појави видео на кое Пател пие пиво „на екс“ во соблекувалната на машката хокеарска репрезентација на САД, славејќи ја нејзината победа над Канада за златниот медал.

На тренингот викендов ќе учествуваат неколку врвни УФЦ борци, меѓу кои Џастин Гејџи — кој ќе биде главна ѕвезда на борбената вечер во Белата куќа — Хорхе Масвидал и Ренцо Грејси, тренер и борец од семејството што го развило бразилското џиу-џицу.

„Оваа соработка е дел од поширока иницијатива на ФБИ да им понуди на своите агенти возбудливи и иновативни опции за обука и постојано да бара нови начини за подобрување на нивната подготовка, за да продолжат да бидат најдобрите од најдобрите“, се наведува во соопштението.

Хабиб „удри“ по Американците: Барате циркус и заборавате дека ова е спорт

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот