Хабиб „удри“ по Американците: Барате циркус и заборавате дека ова е спорт
Легендарниот дагестански ММА борец Хабиб Нурмагомедов јавно испрати критики кон американските организации, вклучително и УФЦ, поради нивниот однос кон борците.
Препорачано
Нурмагомедов остро ја оцени политиката на УФЦ, истакнувајќи дека американските промоции повеќе вреднуваат борци кои се наклонети кон „trash talk“ отколку оние кои се посветени исклучиво на спортот и борбата.
„Жалам за американските промоции, бидејќи доаѓаат толку многу гладни борци од Дагестан. Тие не провоцираат, не глумат, не зборуваат бесмислици. Доаѓаат, победуваат и си одат, а промоциите тоа повеќе не го сакаат. Денес се бара циркус. Разбирам дека е дел од работата, но ова сепак треба да биде спорт“, изјави Нурмагомедов.
Тој додаде дека УФЦ и американските промоции се изморени од презимиња како неговото, кои доминираат на боречката сцена.
„Сè почесто промоциите одлучуваат да не потпишуваат борци од Дагестан. Сега гледам дека некои промоции ја следат таквата политика и едноставно не ги потпишуваат затоа што се измориле. Сите тие Магомедови, Нурмагомедови доаѓаат во УФЦ и преземаат сè. Последните години малку ја сменија политиката, и искрено, тоа не ми се допаѓа. Доаѓа многу млади борци. На пример, во мојата сала, имам неколку сали во Дагестан, тренираат 500 аматери и сите сакаат да бидат како Хабиб. Сите сакаат да бидат шампиони, сите сакаат да го осворат светот, и сите се добри. Што да се прави со нив? Како да ги запреме?“, прашува легендарниот борец кој ја заврши кариерата со 29 победи и без пораз.
Нурмагомедов заклучи дека треба да се потсетат дека ова сепак е спорт и дека спортот треба да биде на прво место.
Преземено од: Спорт.ком.мк


