УЕФА Конференциска лига: Шкупи оди по изненадување, Шкендија по поправање на впечатокот

Шкупи славеше во дербито со Ренова/Фото: fcshkupi1927

Преостанатите две македонски екипи во европските купови, Шкупи и Шкендија вечерва ги продолжуваат настапите во квалификациите за новоформираната УЕФА Конференциска лига.

Екипата на Шкупи на Националната Арена „Тодор Проески“ вечерва од 20 часот во рамки на второто квалификациско коло игра против португалскиот тим Санта Клара.
Иако португалскиот тим во овој двомеч влегува како голем фаворит, во Шкупи се надеваат дека можат да одиграат квалитетен натпревар и да дојдат до позитивен резултат пред реваншот кој идната недела ќе се игра во Португалија.
– Треба да бидеме трпеливи, да бидеме паметни и покажеме добра игра, и ги израдуваме нашите навивачи со победа. Пред нас имаме многу силен противник, тие играат брз, агресивен и напаѓачки фудбал, но секако имаме и многу што да покажеме на утрешниот натпревар. Го анализиравме ривалот кој има одлични играчи, но резултатот ќе зависи од нашата игра – вели тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски.

Екипата на Шкендија, пак ќе се обиде да го поправи впечатокот по елиминацијата во квалификациите за пласман во ЛШ. Тетовци вечерва од 19 часот и гостуваат на Рига, и се свесни дека мора да одиграат подобро во однос на дуелите со Мура и да ја подобрат реализацијата.

– Рига е шампион на Летонија и е силен, компактен тим кој има има свои амбиции, како и ние што ги имаме на ова гостување. Ние детално ги проучивме и доколку успееме да ги извршиме задачите како што работевме досега, и покрај тешкотиите можеме да го поминеме овој натпревар со нашите цели. Има два меча и мора да бидеме внимателни, да ја завршиме задачата тука, а потоа ќе се фокусираме на реваншот – вели тренерот на Шкендија, Ернест Ѓока.

Седлоски: Против Санта Клара треба да бидеме трпеливи и паметни

Алими пред Рига: Сè ќе се реши на реваншот во Скопје

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот