Алими пред Рига: Сè ќе се реши на реваншот во Скопје

Фото: kfshkendija.com

После елиминацијата во првото квалификациско коло во Лигата на шампионите, екипата на Шкендија го продолжи меѓународниот настап летово во новоформираната Конференциска лига.

В четврток од 19.00 часот во Летонија по македонско време ќе се игра првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига помеѓу Рига и Шкендија.

Тетовските „црвено-црни“ се свесни дека мора подобро резултатски да се покажат во Европа, односно дојдат и головите кои недостасуваа во двомечот со словенечката Мура.

– Рига е шампион на Летонија и е силен, компактен тим кој има има свои амбиции, како и ние што ги имаме на ова гостување. Ние детално ги проучивме и доколку успееме да ги извршиме задачите како што работевме досега, и покрај тешкотиите можеме да го поминеме овој натпревар со нашите цели. Има два меча и мора да бидеме внимателни, да ја завршиме задачата тука, а потоа ќе се фокусираме на реваншот – вели тренерот на Шкендија, Ернест Ѓока.

Арменд Алими, фудбалер на Шкендија:

– Пред нас е е силен дуел со Рига. Знаеме дека тие се шампиони, имаат квалитетен тим, но мора да бидеме свесни дека на утрешниот натпревар ништо нема да биде решено. Мислам дека сè ќе се реши на реваншот во Скопје. Ние мора да бидеме паметни, претпазливи и да дојдеме до она што го сакаме од самиот почеток.

Седлоски: Против Санта Клара треба да бидеме трпеливи и паметни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот