Седлоски: Против Санта Клара треба да бидеме трпеливи и паметни

Фото: fcshkupi.com

В четврток од 20.00 часот составот на Шкупи ќе го игра првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига против Санта Клара од Португалија на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје.

Клубот од Чаир успешно стартуваше во новоформираното натпреварување на УЕФА откако го елиминираше претставникот на Косово, Лапи (2:0, 1:1).

Прес конференција одржија тренерот Гоце Седлоски и капитенот на Шкупи, Фатих Исмаили кои веруваат во позитивен резултат во првите 90 минути со Санта Клара.

Седлоски вели дека неговите играчи мора да бидат сериозни и внимателни против португалската екипа:

– Треба да бидеме трпеливи, да бидеме паметни и покажеме добра игра, и ги израдуваме нашите навивачи со победа. Пред нас имаме многу силен противник, тие играат брз, агресивен и напаѓачки фудбал, но секако имаме и многу што да покажеме на утрешниот натпревар.

Го анализиравме ривалот кој има одлични играчи, но резултатот ќе зависи од нашата игра – рече Седлоски.

Исмаили ветува дека тимот ќе го даде максимумот во обидот да остварат позитивен резултат пред реванш мечот:

– Максимално сме подготвени за утрешниот натпревар. Играме против прилично добар тим како Санта Клара. Веруваме дека утре, давајќи го максимумот, ќе дојдеме до позитивен резултат и ќе им донесеме радост на нашите навивачи – се зборовите на Исмаили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот