Убедлив пораз на одбојкарите од Турција

Одбојкарите до доживеаја и третиот пораз на ЕП/ фото: eurovolley.cev.eu

Одбојкарската репрезентација на Македонија го доживеа и третиот пораз на Европското првенство, овој пат подобар од избраниците на селекторот Душко Николиќ беше селекцијата на Турција.

Добро познатиот противник дојде и до третата победа откако во Тампере, Финска во рамки на третото коло во групата Ц славеше со убедливи 22:25,12:25, 15:25  и притоа парираа и добро одиграа само во првиот сет.

Македонија поведе со 3:0, но Турција прави серија од 1:7 и ја презеде контролата на резултатот. Турците постојано имаа еден до 2-3 поени предност и сите напади на македонските одбојкари да ја вратат резултатската неизвесност ги одбија и на крајот славеа со 22:25.

Вториот сет одбојкарите катастрофално го започнаа и имаа негатива од 0:6. Блокот и сервисот на Турците одлично функционираше и тоа ги деморализира избраниците на селекторот Душко Николиќ, а сетоа тоа најдобро го отсликуваше резултатот (3:13,5:19,8:21) а на крајот сетот да заврши со убедливи 12:25.

Третиот сет започна слично на првиот, Македонија поведе со 2:0, но Турците експресно ја вратија резултатската неизвесност. Одбојкарите успеваа да им парираат на расположените турски одбојкари до 10:8 по што следеше неверојатна серија од 0:12 на противникот кој поведе со 11:20 и ги разреши сите дилеми околу победникот.

Најдобар во редовите на Македонија беше Филип Маџунков со седум освоени поени, додека Ѓорѓиев и Љафтов освоија по шест поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот