Убави зборови од Федерер за Ѓоковиќ: Тоа што го направи Новак е лудо

Рожер Федерер ќе настапи уште еднаш на „Лејвер купот“ во Лондон/фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Рожер Федерер кој се опоравува од третата операција на коленото, зборуваше за еден од своите најголеми конкуренти, Новак Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер годинава беше блиску до освојување на календарскиот слем, односно да победи на сите четири грен слем турнири во една година, но се сопна на последната пречка. Ѓоковиќ загуби во финалето на УС Опен од Данил Медведев во три сета и тоа со 6:4,6:4,6:4.

Сепак, Новак Ѓоковиќ годинава со триумфите на Австралија Опен, Ролан Гарос и на Вимблдон, успеа да се израмни со Рожер Федерер и Рафаел Надал по бројот на освоени грен слем титули и да го собори рекордот на Швајцарецот по бројот на недели поминати на првото место на АТП ранг-листата.

– Тоа што Новак го направи е лудо. Календарскиот слем можеби може и да се освои, Новак, Рафа и јас бевме блиску, но мислам дека за таков подвиг е потребна и среќа. Мора да бидете упорни и силни. Затоа мислам дека ќе биде тешко, но не е невозможно. – изјави Федерер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот