Триумф на Бањаја на последната трка на Валентино Роси во кариерата

Валентино Роси ја извозе последната трка во кариерата/ фото: 2021. EPA-EFE/Kai Foersterling

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја славеше на последната трка во сезоната во Мото ГП шампионатот која се возеше во Валенсија. Четвртата победа во младиот возач остана во сенка на Валентино Роси кој за последен пат возеше трка во Мото ГП шампионатот.
„Докторот“ последната трка во кариерата ја заврши на десеттото место.

Од самиот почеток на трката се водеше борба за првата позиција помеѓу Бањаја и Хорхе Мартин кој стартуваше од пол позицијата. И двајцата возачи неколку пати се менуваа во водство, се додека Бањаја на десет круга до крајот го презеде водството и не го испушти до крајот на трката.

Зад нив, Џек Милер и Жоан Мир се бореа за последното трето место на победничкиот пиедестал кое на крајот му припадна на Милер со што го комплетира одличниот успех на Дукати, надојдобрите тројца возеа мотор на Дукати.

Мир кој е шампион од 2020 година заврши како четврти, петти беше новиот шампин Фавио Квартараро, а до деветтото место се пласираа уште Зарко, Биндер, Бастијанини и Еспаргаро.

Десеттата позиција му припадна на легендарниот Валентино Роси кој последната трка од кариерата ја започна токму од истата позиција.

Видео на денот