Тревизан – Гоф е првата полуфинална двојка на „Ролан Гарос“

Мартина Тревизан (Италија) за првпат е полуфиналистка на грен слем/Париз, Франција/31 мај 2022/Фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Американската тенисерка Коко Гоф денеска се пласираше во полуфиналето на „Ролан Гарос“ во Париз, откако по два сета со 7:5, 6:2 ја победи 64 тенисерка во светот, нејзината сонародничка Слоун Стивенс.

Гоф, 23 тенисерка во светот, победи по еден час и 33 минути и за првпат во кариерата се пласираше во полуфинале на Грен слем турнир.

Гоф шест пати ѝ го одзема сервисот на противничката, која направи три брејка.

Таа во полуфиналето ќе игра против 59 тенисерка во светот, Мартина Тревизан. Италијанката по три сета ја елиминираше Канаѓанката Лејла Мартинез со 6:2, 6:7 (3) и 6:3.

Исто така Тревизан за првпат е полуфиналистка на Грен слем. Таа ја постигна 10-та последователна победа, а овој месец во Рабат ја освои првата ВТА титула во кариерата.

Втората полуфинална двојка во женска конкуренција ќе ја дознаеме в среда по четвртфиналните дуели Кудерметова – Касаткина и Швјонтек – Пегула.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот