Трагедија, млада руска атлетичарка починала за време на тренинг

Маргарета Плавунова, руска атлетичарка е пронајдена мртва во местото Моршанск кое се наоѓа во Тамбоската област, за време на тркачки тренинг со кој ја одржувала своја форма.

Несреќната атлетичарка била пронајдена покрај улица без значи на живот, а сведоци опишаа дека таа додека трчала, едноставно паднала на патеката.
Рускиот регионален атлетски сојуз објави дека причина за смртта е срцев удар.

Русинката била повеќекратна регионална шампионка во дисциплина на 60 метри со пречки, а се натпреварувала и на 100 и 400 метри. На 100 метри најдобар резултат ѝ бил 14,06, а покрај спортска кариера, таа била и фото-модел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот