Томовски: Одиме на две победи против ППД Загреб

Македонскиот репрезентативен голман, Мартин Томовски/Фото: РК Вардар1961/Денис Дуковски

Вардар1961 се подготвува за првиот натпревар од четвртфиналето во СЕХА лигата кој ќе се одигра в четврток во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје против ППД Загреб од Хрватска.

Новиот голман на „црвено-црните“ и воедно репрезентативец на Македонија, Мартин Томовски се надева на позитивен резултат по првите 60 минути.

– ППД Загреб игра солидно, добро во регионалната СЕХА лигата. Имаат нови играчи, одбраната им е најсилна страна со двајца ракометари од Бундеслигата.

Но, ние треба да ја гледаме нашата игра, се подготвувавме за овој двомеч, гледавме видено анализи, ги гледаме слабостите на противникот. Одиме со намера да победиме на двата натпревари против ППД Загреб и да се пласираме на Фајнал-фор турнирот – вели голманот на Вардар1961, Томовски.

Томовски заедно со Борко Ристовски и Али Сафар го сочинуваат голманското трио на двократниот европски шампион.

Вардар и дефинитивно ќе ја има поддршката од навивачите на натпреварот со Загреб

Видео на денот