Вардар и дефинитивно ќе ја има поддршката од навивачите на натпреварот со Загреб

Навивачите само со валиден сертификат ќе можат да влезат во салата во СЦ Јане Сандански/ РК Вардар 1961

На првиот четвртфинален натпревар од СЕХА Газпром лигата меѓу Вардар1961 и ППД Загреб во СЦ „Јане Сандански“ ќе биде дозволен влез на одреден број на публика, односно најмногу може да има 1.800 гледачи.

Од клубот ги известуваат навивачите дека мора да ги почитуваат протоколите кои ги усвои Владата и во сала ќе можат да влезат само тие навивачи кои имаат сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.
Истиот треба да го покажат при влегување во салата.

Билетите за влез ќе бидат бесплатни и ќе може да се подигнат од Билетарата 2 (пред влезот на малата сала во СЦ „Јане Сандански“ во среда (25 август 2021 година) во периодот од 11,30 до 15,30 часот. Подигањето на поканите (билетите) ќе биде додека има слободни места.

Едно лице може да подигне најмногу 2 (две) покани (билети) за натпреварот, а лицето ќе мора да покаже соодветен документ за идентификација (лична карта) и сертификат, според протоколите на Владата.

Од Вардар 1961 исто така истакнуваат дека доколку навивачите имаат билет, а не покажат валиден сертификат, нема да можат да влезат во салата и да го следат натпреварот кој ќе се игра во четврток со почеток од 20.15 часот.

Во салата ќе биде задолжително одржување на соодветна дистанца на седиштата, како и што е задолжително носење на маски во текот на натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот