Том Брејди и официјално ја заврши богатата кариера

Том Брејди имаше седум титули во 22 НФЛ сезони/Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Уште пред два дена беше објавено дека иконата на американскиот и светскиот спорт, квотербекот на Тампа Беј, Том Брејди одлучи да ја заврши кариерата.

Тоа денеска преку социјалните мрежи го потврди освојувачот на седум титули во 22 НФЛ сезони.

– Тешко ми е да го напишам ова, но еве: нема да играм повеќе. Ја сакам мојата кариера во НФЛ, сепак, сега е време да се фокусирам на нешто друго, да посветам време и енергија на други работи кои бараат мое внимание.

Мојата играчка кариера беше толку возбудливо искуство полно со подеми и падови, многу подобро отколку што можев да замислам. Кога сте во неа секој ден, навистина не сакате да размислувате за крајот, додека седам овде и размислувам. Се сеќавам на сите големи играчи и тренери со кои имав можност да играм и против кои имав можност да играм. Се чувствувам како најсреќниот човек на светот – напиша Брејди.

Трипати беше прогласен за играч на сезоната, петпати МВП на Супербол, а двапати најдобар офанзивен играч.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Brady (@tombrady)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот