Крај на една ера: Том Брејди по 22 сезони и седум титули замина во пензија

ТомБрејди е најдобриот квотербек во историјата на НФЛ лигата/ фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Иконата на американскиот и светскиот спорт, квотербекот на Тампа Беј, Том Брејди, одлучи да стави крај на неверојатната кариера.

ЕСПН пренесува дека по 22 сезони поминати во само два клуба, Њу Ингланд петриотс и Тампа Беј Баканирс, Том Брејди одлучи да замине во пензија.

Брејди си заминува како можеби најдобриот играч во историјата на НФЛ лигата со освоени седум шампионски титули и три МВП награди за најдобар играч во сезоната, пет награди за МВП на финалниот меч – популарниот Супербол, како и со бројни поставени и соборени рекорди.

Тој за 22 сезони одигра 365 натпревари и речлиси се запиша во сите книги на рекорди во НФЛ. Тој е прв по бројот на префлрени јарди во регуларниот дел од сезоната (84.520 јарди), по бројот на фрлени додавања (11.317) , по бројот на комплетирани додавања (7.236) како и по бројот на додавања за тачдаун (624).

Брејди е апсолутен рекорден кај квотербековите во плеј-офот во сите категории. Има највеќе победи во плеј-офот меѓу квоербековите (35), има највеќе додавања за тачдаун (86) и највеќе префрлени јарди (13.049).

Во НФЛ лигата влезе во 2000 година и тоа дури како 199 избор на драфтот, а на сопственикот на Њу Ингланд, Роберт Крафт при запознавањето му кажа дека ја направил најдобрата одлука која ја донел неговиот тим.
Тоа го докажа во 20-те сезони кои ги помина во Њу Ингланд со кого освои шест шампионски титули, за потоа во првата сезона како член на Тампа Беј исто така да дојде до титулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот