Instagram
Жизел Бундшен и Том Брејди - Фото: Инстраграм

Том Брејди го коментирал новиот брак на Жизел Бундхен: „Да беше вознемирен, тоа ќе значеше дека сè уште има чувства кон неа“

На Том Брејди не му преостанува ништо друго освен да го прифати фактот дека неговата поранешна сопруга Жизел Бундхен повторно се омажила, со цел да избегне драма и да ја зачува среќата на нивните деца, открива извор близок до него за „Дејли Мејл“. Три години по разводот од Брејди, Жизел на 3 декември тајно стапила во брак со својот нов партнер, инструкторот по џиу-џицу, Жоаким Валенте.

Брејди наводно знаел за венчавката

Свадбата на бразилската супермоделот и 38-годишниот Валенте се случила кратко откако тие го добиле своето прво заедничко дете. Брејди, кој наводно е самец и покрај тоа што медиумите го поврзуваа со неколку жени, бил однапред информиран за венчавката.

„За него тоа не беше тајна“, изјавил изворот. „Тие и понатаму мора да комуницираат поради децата и иако тие разговори често се кратки, важните животни настани, распоредите, а секако и нејзината свадба, не се нешто што таа сакала да го крие.“

Том Брејди и Жизел Бундешен / Фото: EPA

Брејди (48) со Жизел (45) има две деца – 16-годишниот Бенџамин и 13-годишната Вивиен, а има и 18-годишен син Џек од претходната врска со Бриџит Мојнахан.

Очигледно добро ја прифатил веста

Иконата на НФЛ и манекенката се разведоа во октомври 2022 година, по 13 години брак. До разводот дојде неколку месеци откако Брејди драматично ја повлече одлуката за пензионирање, што, според медиумите, било последната капка за  Жизел, која сметала дека тој го става спортот пред семејството.

„Среќен е на еден едноставен начин – среќен е затоа што таа е среќна. И тој можеби еден ден повторно ќе се ожени и би сакал таа тоа да го прифати, па затоа и тој мора да ја прифати нејзината среќа“, објаснува изворот.

„Да беше вознемирен, тоа ќе значеше дека сè уште има чувства кон неа, а тоа би било неправедно кон децата – да не сака да ја види нивната мајка среќна и како продолжува понатаму со животот. Тој мораше да продолжи по две важни врски и со две мајки на своите деца. Многу научи низ годините и оваа нова фаза ја прифаќа смирено. Многу е зрел во врска со тоа и не дозволува ова да влијае негативно врз него“, додава изворот.

Брејди, кој моментално работи како аналитичар за „Фокс“ во рамки на 10-годишен договор вреден 375 милиони долари, во изминатиот период беше поврзуван со повеќе жени. Неодамна беше виден со Софија Вергара, но извор за „Дејли Мејл“ откри дека таа романса била краткотрајна.

„Том сака да биде самец и не бара сериозна врска. Кратки врски и авантури му се во ред, но ако некој мисли дека моментално може да има нешто повеќе со него среќно“.

ФОТО | Жизел Бундшен се породи пред само два месеци: На 45 години и родено трето дете, таа повторно изгледа спектакуларно!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот