Тинејџери украле автобус на Брач, направиле сообраќајна несреќа и сакале да избегаат со траект
Двајца тинејџери во Хрватска украле автобус со кој направиле сообраќајна несреќа и сакале да избегаат од местото со траект.
Препорачано
Како што објави ХРТ, едниот 17-годишник, го украл автобусот во вечерните часови во Бол на Брач и го возел кон Супетар, предизвикувајќи сообраќајна несреќа и оштетувајќи го автобусот. Додека возел, со автобусот удрил во паркиран камион и неколку сообраќајни знаци, по што заедно со другарот, кој бил со него во автобусот, се обидел да избега од местото на настанот.
Против 17-годишникот кој го возел автобусот, ќе биде поднесено обвинение за шест сообраќајни прекршоци – управување со возило пред стекнување на право, неприлагодена брзина, предизвикување сообраќајна несреќа, бегство од местото на несреќата, возење спротивно на поставените сообраќајни знаци и недвижење на возилото по средината на обележаната лента.
Тинејџерите се уапсени, а за сè се информирани нивните законски застапници и вработените во Хрватскиот завод за социјална работа.
Полицијата добила пријава во понеделникот околу 22:10 часот, кога било пријавено дека автобус се движел од правец на Нережишќа кон Супетар, преминувајќи од една сообраќајна лента на друга, па изгледало како возачот да е под дејство на алкохол.
Во 22:15 часот, автобусот бил пронајден напуштен во близина на автобуската станица во Супетар, а набрзо биле пронајдени и двајцата тинејџери кои се обиделе да го фатат траектот за Сплит.
Во понатамошната постапка, до надлежниот општински суд ќе биде поднесено обвинение.


