Дубровник - Фото: Инстаграм/dubrovnik.croatia

Изгоре јахта во Дубровник

Јахта се запалила и потонала во саботата навечер во близина на населбата Дубровник Затон, објавија денес хрватските медиуми, наведувајќи дека во моментот на пожарот немало екипаж или патници на бродот.

Надлежните служби добиле пријава за пожарот во 18:55 часот, соопшти хрватското Министерство за море, транспорт и инфраструктура, а веднаш по приемот на пријавата, службеници од Пристанишната управа во Дубровник отпловиле со спасувачкиот брод „Данче“ кон пријавената локација, објавува порталот Indeks.hr.

По пристигнувањето на местото на инцидентот, ја пронашле моторната јахта во пламен, а локацијата веќе ја обезбедиле припадници на противпожарната служба на Дубровник.

Според првичните информации, пожарот избувнал додека јахтата, во сопственост на хрватска компанија, била закотвена на ’ртот Бат, недалеку од влезот во заливот Затон.

И покрај напорите на пожарникарите од Дубровник, јахтата потона околу 20:00 часот на длабочина од околу 30 метри и во моментов не претставува опасност за поморскиот сообраќај.

Нови евакуации во Хрватска, повторно стигнале дојави за бомби

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот