Загреб, фото: Викимедија

Нови евакуации во Хрватска, повторно стигнале дојави за бомби

Нови евакуации утринава имаше во повеќе училишта во Загреб, Сплит и Риека по добиени дојави за можни експлозивни направи, а полицијата веднаш излезе на терен, објави ХРТ.

Имаше проверки на воспитно-образовните установи и на подрачјето на Дубровничко-неретванската жупанија поради дојава за поставени бомби.

Надлежните потврдија дека дојавите се примени и дека полицајци постапуваат според пропишаниот протокол, вклучително и преглед на објектите.

„Околу 9 часот на нашиот службен имејл, како и на електронските пошти на поголем број училишта од подрачјето на Дубровничко-неретванската жупанија, е примена анонимна електронска порака со иста содржина и ист испраќач, во која се наведува дека во училишните и предучилишните установи е поставена експлозивна направа“, информираа од полицијата.

Низа училишта, но и градинки, трговски центри и други установи низ цела Хрватска минатата недела примаа закани за поставени експлозивни направи, а сите дојави се покажаа како лажни. Слично беше во Босна, Србија и Македонија, практично во целиот Западен Балкан.

Лажна била дојавата за бомба во „Сити мол“, потврди МВР

Министерот за внатрешни работи на Хрватска, Давор Божиновиќ, во петокот оцени дека дојавите за подметнати бомби се вид на хибридно војување. Воедно, рече дека полицијата соработува со некои европски земји, каде се смета дека би можеле да се  наоѓаат серверите и домените од кои се испратени заканите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот