Пријава за експлозивна направа го испразни „Сити мол“ - ФОТО: Слободен печат

ФОТО | Евакуирани сите присутни во „Сити мол“ по закана за поставени експлозивни направи во објектот

Попладнево, на електронската адреса на Министерството за внатрешни работи е пристигната дојава со закана за поставени експлозивни направи во трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје.
Противпожарно возило крај „Сити мол“ ФОТО: Слободен печат
Од МВР за „Слободен печат“ информираат дека веднаш по добиената пријава, полициските служби излегле на терен и преземаат мерки за проверка на наводите. Во тек се безбедносни проверки во трговските центри, со цел утврдување на состојбата и обезбедување на сигурноста на граѓаните.
Евакуирани граѓани кои попладнево биле во „Сити мол“. ФОТО Слободен печат

Детали за случката се очекувааат од МВР.

Противпожарно возило пред „Сити мол“ – ФОТО Слободен печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот