ВИДЕО | Дојави за бомби во училишта и трговски центри во Сараево
Дојави за бомби утрово имаше во најмалку четири основни и средни училиште, а претходно и во два трговски центри во Сараево, пренесе Кликс.ба.
Препорачано
Како што потврди Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево, ќе се почитува протоколот за вакви ситуации и ќе се проверува веродостојноста на содржината и ситуацијата на терен.
На видеото и фотографиите може да се види дека припадниците на полицијата спречуваат влез во трговските центри сè додека не се потврдат овие информации.
Ова не е прв ваков случај, бидејќи во последните години имаше чести пријави за поставени бомби во трговски центри, училишта и јавни институции, како што е Претседателството на Босна и Херцеговина.
Вработените го виделе мејлот по 10 часа: Дојава за бомби во неколку трговски центри во Сараево
Овој проблем честопати ја нарушуваше наставата, па затоа некои училишта во одредени моменти се префрлија на онлајн настава, а беше усвоена и Уредбата за управување со кризи за време на закани со бомби во образовните институции.
Учениците се евакуирани од објектите каде што биле примени пријавите, а полицијата спроведува контрасаботажна инспекција.


