Пријава за експлозивна направа го испразни „Сити мол“ - ФОТО: Слободен печат

Лажна била дојавата за бомба во „Сити мол“, потврди МВР

Министерството за внатрешни работи информираше дека дојавата за поставена експлозивна направа во ТЦ „Сити мол“, која попладнево предизвика вознемиреност, паника и страв кај граѓаните и посетителите, била лажна.

По извршените проверки од страна на стручните служби на МВР било констатирано дека во објектот не била пронајдена експлозивна направа, ниту друг сомнителен предмет.

– Денеска 25.04.2026 на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи беше добиена порака со закана дека во трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје се поставени експлозивни направи.  Веднаш по добиената пријава беа преземени  соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу објектот, при што е утврдено дека станува збор за лажна дојава за поставени бомби – информираше полицијата.

ФОТО | Евакуирани сите присутни во „Сити мол“ по закана за поставени експлозивни направи во објектот

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот