Тим по само два сета се пласира во второто коло на УС Опен
Вториот носител на грен слем турнирот во Њујокрк, Доминик Тим обезбеди пласман во второто коло по само два одиграни сета против Хауме Мунар кој го предаде мечот.
Тим неочекувано тешко и по голема борба која траеше два часа ги соби двата сета со 7:6,6:3 по што потоа доби неочекуван подарок од противникот. Очигледно Шпанецот немаше сили да го продолжи дуелот и го предаде мечот.
Интересно е што во текот на дуелот се појави информација дека вториот носител е казнет за неспортско однесување бидејќи за време на слободниот ден не носел заштитна маска.
Нареден противник на Тим во второто коло ќе биде Индиецот Сумит Нагал кој во четири сета го елиминира Бредли Клан. Лесна победа на стартот остварија Андреј Рубљев и Андреј Кузњецов кои со 3:0 во сетови беа поуспешни од Жереми Шарди, односно Сем Квери.
Маратонски меч во пет сета мораше да игра 11. носител Карен Качанов кој сепак на крајот со 3:6,6:7,6:2,6:0,7:6 со елиминира Италијанецот Синер.
Во женска конкуренција, Гарибине Мугуруза со 6:4,6:4 ја совлада Јапонката Хибино, додека Елис Мертенс беше уште поубедлива (6:2,6:2) против Лаура Сигемунд.
Деветтата носителка Џоана Конта од Британија се мачеше во првиот сет кој го доби во тај брејкот, за во вториот да биде убедлива со 6:1 против сонародничката Хедер Вотсон