Тешкото отворање на вилицата може да биде знак на одредени нарушувања, па дури и на рак

Фото: Профимедиа

Одредени проблеми што се појавуваат во нашата уста, како што се чирови и рани, може да изгледаат вообичаени и да не предизвикуваат загриженост. Меѓутоа, еден стручњак предупредил дека дури и навидум најнеопасниот симптом може да биде знак за многу поголем здравствен проблем, а еден од тие симптоми е тешкото движење на вилицата, пренесува „Express“.

„Постојат многу навидум вообичаени симптоми кои често може да се игнорираат долго време, што, всушност, може да биде знак за посериозни основни здравствени проблеми. Еден од нив е отежнатото отворање на вилицата, често придружено со болки кои може да сигнализира болест на непцата или дури и на рак на устата“, објаснува д-р Ризван Махмуд, кој додава дека отежнатото отворање на вилицата може да биде знак и за многу други нарушувања.

„Болката во вилицата често е предизвикана од нарушување што се нарекува дисфункција на темпоромандибуларниот зглоб (ТМЗ) или нарушување на темпоромандибуларниот зглоб (ТМД)“, рекол д-р Махмуд, а нарушувањето се појавува кога постои нерамнотежа на мускулите, лигаментите и коските во пределот на вилицата.

„Ова резултира со болка, звуци на пукање или кликање при широко отворање на устата, тешкотии со џвакање или јасно зборување, отекување на лицето, главоболки или болки во вратот“.

Меѓутоа, тоа може да сигнализира и нешто друго, додава Махмуд.

„Имено, други фактори кои придонесуваат за оваа состојба вклучуваат стрес, чкрипење со забите, артритис или некој вид на траума на лицето или вилицата. Исто така, отежнатото отворање и затворање на вилицата може да се припише и на стоматолошките проблеми како што се тешки болести на непцата, кариес или забни апсцеси. Во ретки случаи, тоа може да биде знак на сериозни проблеми како што е рак.“

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот