Тензично во судница: Се одложи рочиштето за аптекарот од Онкологија обвинет за земање поткуп
Мирослава Симоновска
Пред
Дали аптекарот од Клиниката за онкологија, Калтрин Уштеленца, кој е обвинет дека ѝ барал мито на пациентката Минка Веизовска за да ѝ издаде биолошка терапија „Кејтруда“, бил сам во овој опскурен начин на заработка или пак соработувал со други на Клиниката кои му биле надредени? Денешното судско рочиште не даде одговори на ова прашање, со оглед на тоа што ниту оштетената пациентка Веизовска, ниту обвинетиот не дадоа исказ. Рочиштето се одложи затоа што адвокатката на обвинетиот денеска ги доби доказите од Обвинителството.
Калтрин Уштеленца, поранешен фармацевт вработен на Клиниката за радиотерапија и онкологија, обвинет за поткуп и неговата бранителка
Но, во судницата стана тензично кога пациентката Веизовска, која во ноември минатата година му даде бележана зелена банкнота на аптекарот со што тој го заработи обвинението, кажа дека таткото на аптекарот, пишувал навреди за нејзиното семејство и за нејзиниот син на Фејсбук минатиот месец. Во судницата беа повеќе членови на семејството на аптекарот, кои негодуваа на тоа што пациентката го зборуваше, па припадник на судската полиција ги отстрани од судницата.
-Судијке, сакам да ви пријавам додека сум тука, дека од таткото на обвинетиот имав навреди на Фејсбук за целата моја фамилија. Имаме и докази и сакаме да ги дадеме на обвинителот. Јавно на Фејсбук пишуваше навреди за мојот син, за моето семејство. Потоа го повлече пишуваното, но јас го имам зачувано и го пријавив во кичевската полиција. Сакам да го пријавам и кај вас, зашто ем сум оштетена, ем навредена, рече Веизовска.
Минка Веизовска, онколошки пациент на која ѝ бил баран поткуп за да добие биолошка терапија „Кејтруда“ на Онкологија, иако имала право да го добива лекот бесплатно, бидејќи веќе бил платен од државниот буџет
Пациентката Минка Веизовска претходно за „Слободен печат“ сведочеше дека била жртва на уцените на аптекарот. Таа имала лекарски извештај од специјалист за да прими биолошка терапија „Кејтруда“ на Клиниката за онкологија како онколошки пациент. Но, аптекарот барал да му даде пари на рака за да ѝ го даде лекот.
Ме уцени со зборовите „Во мои раце си, пази што правиш“. А јас тоа го сфатив како закана по мојот живот, рече Веизовска.
Целата нејзина изјава проследете ја во продолжение.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Дирекцијата за култура и уметност на Скопје со гордост и со силен ентузијазам го одржува континуитетот на „Скопско лето“, а директорката Василија Чали активно дејствува и за постојан развој на фестивалот. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 ИНТЕРВЈУ | „Човекот зад името“ — Џина Папас Џокси: Му благодарам на животот што ме …
Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 ИНТЕРВЈУ | „Човекот зад името“ — Џина Папас Џокси: Му благодарам на животот што ме оставил човечен 2 ВИДЕО | Холандија ја прегази Шведска и дојде на чекор од нокаут фаза 3 „Приказна …