Телото на кралицата пристигна во Вестминстер: Меган Маркл и принцезата Кејт во различни автомобили

британско кралско семејство
Британско кралско семејство / Фото: EPA-EFE

Ковчегот со телото на кралицата Елизабета вчера пристигна во Вестминстерската сала на Бакингемската палата во поворка која траеше триесет и осум минути.

Телото на кралицата ќе биде во Вестминстер следните пет дена, а секој што сака да ѝ оддаде почит ќе може да влезе и да го види ковчегот. Нејзините синови, принцезата Ана и принцовите Вилијам и Хари, одеа зад ковчегот на кралицата во поворката.

кралица елизабета
Фото: EPA-EFE/UK PARLIAMENT/ROGER HARRIS HANDOUT-MANDATORY CREDIT: UK PARLIAMENT/ROGER HARRIS

На принцовите, им се придружија нивните сопруги на влезот во Вестминстер, сопругата на кралот, Камила, Софи, грофицата од Весекс, Кејт, принцезата од Велс и Меган, војвотката од Сасекс, кои пристигнаа со автомобили во истата поворка.

Така „завојуваното“ кралско семејство повторно се обедини, а принцезата Кејт и Меган ѝ оддадоа почит на кралицата облечени во црно со едноставни шешири и мрежа преку очите.

чарлс
Крал Чарлс III, Камила, принцезата Ана, вицеадмиралот Сер Тимоти Лоренс и принцот Ендру, војводата од Јорк/Фото: EPA-EFE/UK PARLIAMENT/ROGER HARRIS HANDOUT-MANDATORY CREDIT: UK PARLIAMENT/ROGER HARRIS

Меган се возела со сопругата на принцот Едвард

Меган Маркл не се возела со Кејт Мидлтон во ист автомобил, а сега се знае и зошто. Маркл била во автомобилот со сопругата на принцот Едвард, Софи, додека Мидлтон патувала со Камила.

Со оглед на тоа што Кејт сега е принцеза од Велс и е мажена за принцот Вилијам, кој е прв на редот за тронот, ова била главната причина да патува со сопругата на новиот крал, не со Меган.

меган маркл
Меган Маркл и Софи, Грофицата од Весек / Фото: EPA-EFE/GUY BELL

Сцената на многумина ги потсети на погребот на принцезата Дијана

Принцовите Ендру и Хари беа единствените кои не носеа воени униформи, бидејќи на Ендру му беа одземени кралските почести, а Хари беше принуден да се откаже од нив откако се повлече од функцијата постар член на кралското семејство и се пресели во САД.

британско кралско семејство
Фото: EPA-EFE/UK PARLIAMENT/ROGER HARRIS HANDOUT- MANDATORY CREDIT: UK PARLIAMENT/ROGER HARRIS

Вилијам и Хари во поворката зад кралскиот ковчег е сцена која многумина ја паметат од 1997 година. Откако Дијана загина во сообраќајна несреќа во Париз на 36-годишна возраст, Вилијам и Хари, тогаш 15 и 12 години, одеа низ центарот на Лондон покрај нејзиниот ковчег и тоа беше една од сцените што ги одбележа нивните животи.

британско кралско семејство
Фото: EPA-EFE/UK PARLIAMENT/JESSICA TAYLOR HANDOUT-MANDATORY CREDIT: UK PARLIAMENT/JESSICA TAYLOR

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот