Светскиот шампион пред суспензија поради правилата за допинг!?

фото: твитер

Во својата објава, Американецот тврди дека последниот пропуштен тест во декември бил намерен обид на анти-допинг службениците да се обидат да го фатат.

На светскиот шампион на 100 метри, Кристијан Колман (24) му се заканува суспензија поради која би можел да ги пропушти Олимписките игри во Токио следната година, поради кршење на правилата за антидопинг.

Американскиот спринтер откри во изјава на Твитер дека му се заканува суспензија откако во последните 12 месеци пропушти три допинг тестови, што според прописите може да резултира во едногодишна или двегодишна суспензија.

Последен пат Колман пропушти тестирање на 9 декември минатата година, а пред тоа на 16 јануари 2019 година и 26 април 2019 година.

Во својата објава, Американецот тврди дека последниот пропуштен тест во декември бил намерен обид на анти-допинг службениците да се обидат да го фатат.

Колман, кој е фаворит за олимпиското злато на трката на 100 метри во Токио, најави дека ќе поднесе жалба до Одделот за интегритет на атлетиката (АИУ) затоа што нема записник дека некој доаѓал кај него или го повикал. Тој рече дека бил на божиќен шопинг на 9 декември, обвинувајќи ги анти-допинг агентите за поставување стапица за да го фатат.

Не ми кажувајте дека пропуштив тест, нема никакви записи дека некој дојде кај мене. Бев повеќе од подготвен и достапен за тестирање, само требаше да добијам телефонски повик – рече Колман кој е сигурен дека ова е „обид да го натераат да пропушти тест“.

Колман победи на трката на 100 метри на Светското првенство во Доха минатиот септември со резултат 9,76 секунди, а во Доха го освои златото во трката на 4х100 метри. Тој исто така има сребрен медал на 100 метри на Светското првенство во Лондон во 2017 година.

Но, Американецот воопшто не мораше да настапи во Доха затоа што зад себе имаше уште три пропуштени тестови.

Никогаш нема да користам додатоци или лекови за да ги зголемам перформансите. Подготвен сум да бидам тестиран за дрога секој ден во текот на мојата кариера, за сè што треба да ја докажам мојата невиност – додаде Колман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот