Светски медиуми: Ашраф Гани побегна во Абу Даби

Ашраф Гани Фото: ЕПА

Претседателот на Авганистан, Ашраф Гани е во главниот град на Обединети Арапски Емирати, Абу Даби, јави авганистанската телевизија „Кабул њуз”.

Претходно, телевизијата соопшти дека Гани заминал за Таџакистан, а потоа тврдеа дека оттаму отпатувал за Оман.

Гани на 15 август, неколку часа пред талибанците да го освојат Кабул, го напушти Авганистан.

Минативе денови беше соопштено дека тој побегнал со 4 автомобили и хеликоптер полн со пари. Денеска беше објавено дека во неговиот хеликоптер имало 169 милиони долари од државната каса.

Ашраф Гани го напушти Авганистан

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот