Бегството на Гани: На соработниците им кажал дека оди на состанок, а побегнал со хеликоптер за Таџикистан

Поранешниот претседател на Авганистан, Ашраф Гани/ Фото: EPA-EFE/HEDAYATULLAH AMID

Откако талибанците пред два дена ја презедоа контролата врз Авганистан Би -Би -Си денеска разговараше со поранешната пратеничка Елеј Ершад, која во разговорот со британскиот јавен сервис поранешниот претседател Ашраф Гани го нарече „кукавица” поради неговото бегство во соседен Таџикистан.

-Тој во неделата ја напушти претседателската палата со хеликоптер, а претходно на своите колеги им кажал дека оди на состанок со министерот за одбрана, рече Ершад.

Толку сум лута што не можам да опишам со зборови. Ги напушти луѓето и земјата. Не знам зошто му верував и гласав за него, додаде поранешната пратеничка во авганистанскиот Парламент, Елеј Ершад.

Соработник на досегашниот претседател вчера за Би -Би -Си кажа дека авганистанските лидери го замолиле Гани да ја напушти земјата за да се избегне крвопролевање, додавајќи дека сега поранешниот претседател планира еден ден да се врати во земјата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот