Според непотврдени информации Гани пребегал во Оман

 

Според непотврдени информации на авганистанскиот амбасадор во Таџикистан, претседателот Ашраф Гани отпатувал за Оман.

– Нема веродостојна информација каде се наоѓа претседателот-бегалец. Но, според различни информации, тој директно отпатувал за Оман, изјави авганистанскиот амбасадор Мухамад Захир Агбар.

Тој негираше дека Гани пристигнал во Таџикистан. И таџикистанското Министерство за надворешни работи соопшти дека авионот со Гани не навлегол во воздушниот простор ниту слетал во Таџикистан.

Гани вчера замина од Кабул, неколку часа откако талибанците го презедоа Кабул

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот