Сузан Сарандон ќе игра злобница за првпат во животот
Сузан Сарандон оствари бројни впечатливи улоги во својата богата кариера, но една никогаш не и беше доделена – злобница во филм со суперхерои.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Сега познатата оскаровка ќе го искуси и тоа, бидејќи во новиот филм „Blue Beetle“ ќе ја игра злобната Викторија Корд, лик кој е оригинално создаден за тој филм.
Најблиску досега Сарандон дојде во таков вид на актерска задача кога го позајми својот глас во „Црната вдовица“ во серијата „Wastelanders“.
„Blue Beetle“ е првиот голем суперхеројски филм во кој главниот јунак е од Јужна Америка.
Во ова остварување кое го режира Анхел Мануел Сото, тинејџерот Џејми Рејс пронаоѓа бубачка, која му дава одело со вонземски штит, супер брзина, сила и способност да создава оружје.
Главната улога и е доверена на ѕвездата од серијата „Cobra Kai“, Чоло Маридуена.
Сценариото го потпишува Гарет Данет Алкосер, а во филмот играат уште и Џорџ Лопез, Адријана Барак, Елпидија Кариљо и многу други.
Премиерата е закажана за август следната година.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
36мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


