Студија: Лукот го зголемува либидото, ја подобрува сексуалната функција

Фото: Public domain picture

Лукот, велат експертите, може да го зголеми нивото на азотен оксид во телото, соединение кое помага за ширење на крвните садови, што исто така, потенцијално помага во подобрување на еректилната функција.

Исто така, се поврзува со цела низа здравствени придобивки, а студиите најмногу укажуваат на тоа дека помага во борбата против воспаленијата, дека го намалува нивото на холестерол и штити од хронични болести. Овој популарен лек од народната медицина има уште една придобивка – подобрување на сексуалната функција, односно зголемување на либидото.

Бројни студии на луѓе и животни откриле дека одредени соединенија пронајдени во лукот може да го зголемат протокот на крвта и да ја подобрат функцијата на крвните садови, што секако може да биде корисно и за лекување на сексуални проблеми како што е еректилната дисфункција кај мажите.

Истражувањето спроведено на 49 постари мажи откри дека еректилната функција значително ја подобрува лек кој, меѓу другото, содржи и сув екстракт од лук и женшен.

Покрај тоа, лукот може да го зголеми и нивото на азотен оксид во телото, соединение кое помага во проширување на крвните садови, што исто така потенцијално помага за подобрување на еректилната функција, но експертите предупредуваат дека се потребни повеќе студии за да се изнесат такви сигурни тврдења.

Дали лукот ја зголемува плодноста кај мажите?

Покрај зголемувањето на протокот на крв, некои студии открија дека може да помогне во подобрувањето на плодноста, така што една мета студија објави дека лукот, најверојатно поради неговите антиоксидантни својства, може да помогне да се зголеми производството на семената течност и да се зголеми нивото на тестостерон.

Во една неодамнешна студија на животни, С-алил цистеин, соединение пронајдено во лукот, го зголемило производството на тестостерон кај глувците, додека друга студија на животни, исто така, покажала дека сув екстракт од лук може да заштити од промени во производството на семената течност и нивото на тестостерон предизвикани од хемотерапија.

Сепак, и тука, велат експертите, потребни се дополнителни истражувања за да се изнесат сигурни тврдења.

Делува и како антиоксидант

Антиоксидансите не само што можат да помогнат во заштитата од хронични болести, туку можат да играат клучна улога во сексуалното здравје и плодноста, а екстрактот од лук и лукот се богати со антиоксиданти, кои и двете можат да му помогнат на телото да ги неутрализира штетните соединенија познати како слободни радикали.

Студијата спроведена на 100 мажи кои се лекувале од неплодност докажала дека земањето додаток на антиоксидант може значително да го зголеми бројот на сперматозоиди, пишува порталот „Хелтлајн“ (Healthline).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот