Струшкиот турнир ќе има нов шампион, Вардар поразен од Целје

фото: фејсбук/Меѓународен ракометен турнир Струга - International hanball tournament

Струшкиот ракометен турнир кој летово се одржува по јубилеен 50 пат, ќе добие нов шампион откако вечерва Вардар е поразен од Целје Пивоварна Лашко со 28:36.

Поразот на „црвено-црните“ значеше освојување на второто место во групата, додека словенечкиот тим со победата се пласира во финалето.

Вардарци подобро го започнаа натпреварот, предводени од одличниот голман Мартин Томовски, по 15 минути игра имаа водство од 14:10. Но, тогаш „се разбудија“ ракометарите на Целје Пивоварна Лашко кои се предводени од поранешниот вардарец Ален Тоскиќ, и успеаја да одмор да заминат со 17:17.

Во второто полувреме, ракометарите на словенечкиот тим одлучувачката предност ја направија во финишот кога поведоа со 25:31 со што ги решија дилемите околу победникот и патникот во финалето.

Противникот на Целје во големото финале ќе биде познат утре, кога ќе се комплета групната фаза во групата А. Еурoфарм Пелистер кој е лидер во групата А игра против АЕК Атина кој има скор од една победа и пораз.
Денеска Е. Пелистер со минимални 25:24 беше подобар од Татран Прешов, додека АЕК Атина со 30:15 го совлада домаќинот Струга.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот