Страшно трио ќе ја напаѓа Македонија (ФОТО)

sport.pl

Два натпревари кои што се многу важни за македонската репрезентација во квалификациите за пласман на Европското првенство 2020 година.

Селекторот Игор Ангеловски се очекува в четврток да објави пред медиумите со кои имиња ќе настапи на претстојните мечеви. Во меѓувреме тоа веќе го направи полскиот стратег Јержи Берзечек:

– Мајецки, Скорупски, Шчесни, Беднарек, Берешински, Чионек, Глик, Кедзиора, Једрзејчик, Река, Рибус, Бјелик, Франковски, Горалски, Гросицки, Кадзиор, Клих, Криховијак, Линети, С. Шимански, Зиелински, Левандовски, Милик, Пјонтек.

Воедно Полјаците објавија го објавија името на Давид Ковнацки, но напаѓачот на Фортуна Дизелдорф нема да биде во составот поради повреда и според најавите нема да биде повикан друг играч. Но, затоа има тројца квалитетни напаѓачи кои настапуваат за Баерн Минхен, Милан и Наполи, Роберт Левандовски, Кшиштоф Пјонтек и Аркадиуш Милик.

Претходно беше објавен и списокот на словенечката репрезентација против која ќе се соочиме на 10 октомври на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот