Словенците го објавија списокот за дуелот со Македонија (ФОТО)

Ekipa24.si

Денеска селекторот на словенечката фудбалска репрезентација Матјаж Кек ги објави имињата на играчите на кои ќе смета за претстојниот квалификациски натпревар за Европското првенство 2020 година против Македонија.

Дуелот помеѓу нашата А селекција и Словенија ќе се игра на 10 октомври на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје со почеток од 20.45 часот. Наскоро треба да се огласи и нашиот селектор Игор Ангеловски со кои репрезентативци ќе настапи на важниот дуел за учество на континенталниот собир.

Во меѓувреме словенечкиот селектор Матјаж Кек веќе го објави списокот, а во него се наоѓаат звучни имиња како голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, потоа Јосип Иличиќ од Аталанта, Миха Зајц од Фенербахче, Роман Безјак од АПОЕЛ…

Да потсетиме, првиот дуел во Љубљана заврши нерешено 1:1, па се будат надежи дека може да се триумфира на возвратниот дуел пред евентуално полни трибини и со три голема бода се направи голем исчекор во трката за една од првите две позиции на табелата кои водат на ЕУРО.

Моментно во квалификациската група „Г“ после шест кола нашите фудбалери се на четвртото место со осум бодови, води Полска со 13, пред Словенија (11) и Австрија (8).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот