Сто и седум години од раѓањето на Киро Глигоров првиот Претседател на Република Македонија

Фото: МИА

Околу 5.000 до 6.000 граѓани и туристи во текот на годината го посетуваат Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“, каде што се наоѓа и неговата спомен соба во Штип. На денешен ден пред 107 години роден е Киро Глигоров првиот претседател на Република Македонија.

Кирил Панајотов вработен во Општина Штип и Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ вели дека во еден ден имале 400 лица или рекорна посетеност на спомен собата на Глигоров.

-Тоа се групни посети на ученици, на активисти по разни основи, здруженија на граѓани, борци, пензионери. Традиционално имаме отворен ден на спомен собата и оние, коишто се заинтересирани, вели Панајотов.

„Македонија е се што имаме“ порачуваше првиот Претседател на Република Македонија, Киро Глигоров. Панајотов вели пораките и она што го говореше Глигоров станува се поактуелно во земјава и регионот.

– Ова го поткрепувам со фактот, што во изминатиот период се снимаа два документарни филма за Глигоров, сега се највува уште еден во делот на 2 август, неговото учество во АСНОМ, вели Панајотов.

Киро Глигоров е роден 1917 во Штип, а почина 1 јануари 2012 година во Скопје. Глигоров беше Претседател на Република Македонија од 27 јануари 1991 година до 19 ноември 1999 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот