Стигна фактура од европската енергетска мрежа: Државата треба да плати 18,5 милиони евра
На адреса на МЕПСО стаса сметката за ненајавеното повлекување електрична енергија од преносниот систем. Македонија на Европската енергетска мрежа треба да ѝ плати 18,5 милиони евра за струјата влечена од јули до октомври. Од целата оваа сума, најскапа била струјата за октомври, односно 16,5 милиони евра. Според информациите до кои дојде ТВ Алсат, за ноември сметката ќе биде многу помала бидејќи е повлечено помалку електрична енергија во однос на претходните четири месеци.
Препорачано
Досега МЕПСО од државната каса доби нешто над 16 милиони евра за справување со енергетската криза, а двојно повеќе доби ЕСМ. Овие пари ќе бидат наменети за подмирување на долгот кон Европа.
Во меѓувреме ЕВН Хоум, кој е „универзален снабдувач“, го продолжи рокот на тендерот на кој треба да се обезбеди струја за домаќинствата за идната година. Наместо до 25-ти месецов, тендерот сега ќе трае до 2 декември. Дотогаш државната компанија ЕСМ има можност да направи пресметка и да достави понуда од која ќе зависи и крајната цена на струјата за домаќинствата.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
27мин
-
32мин
-
58мин
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


