Срцето на големите горештини: 10 совети како да ги „преживеете“ најлошите денови
Летото донесува ризици за луѓето со висок крвен притисок, дијабетичарите, и постарите лица. Кардиологот д-р Станко Узелац советува: не влегувајте во прегреан автомобил и не скокајте во морето, јадете лесна храна и помалку пијте алкохол, пишува „24сата.хр“.
Препорачано
1. Редовно контролирајте го крвниот притисок и адаптирајте ја терапијата
Зголемената надворешна температура го „тера“ организмот да се адаптира за полесно да се избори со жештината. Затоа интензивно се потеиме и доаѓа до ширење на крвните садови, поради што може да дојде и до пад на нивото на притисокот. Па така, луѓето со висок притисок кои користат одредена тераија можат да бидат во ситуација таа во лето да не им одговара, особено ако дел од терапијата се диуретици. Затоа е важно редовно да го мерите и следите притисокот и задолжително да се консултираат со лекарот за адаптирањето на дозата на лековите.
2. Пијте по малку вода и кога не сте жедни
Поради потењето во лето мораме да ја надополниме течноста, но не чекајте додека да почувствувате жед, бидејќи тогаш веќе е доцна. Жед е знак на дехидратација. Треба да пиете што почесто во текот на денот, по малку. Најдобар избор е обичната вода или вода со малку лимон или парче од некое друго овошје (диња, праска). Алтернатива може да биде изладен незасладен чај.
3. Внимателно со клима-уредот
Дома или на работното место адаптирајте ја температурата на просторот да ви биде пријатно, но имајте на ум дека температурата во затворениот простор смее да биде од 6-7 степени пониска во однос на надворешната. Во спротивно, ако излезете во климатизиран простор, организмот би можел да доживее преголем шок, што може да предизвика бројни проблеми. Кога излегувате од климатизиран простор, настојувајте постепено да се адаптирате на надворешната температура.
4. Не влегувајте во прегреан автомобил
Ако надворешна температура е 34, автомобилот на сонцето може да се загрее и до 50 степени. Затоа настојувајте да го паркирате во ладовина или покријте го предното стакло. Пред да седнете во автомобилот, отворете врата и оставете да се проветри, за да излезе топлиот, застојан воздух. Додека патувате, разладете го автомобилот со клима-уред, но пак, разликата во однос на надворешната температура да не биде преголема. Ако патувате подолго, застанувајте на кратко на секои два часа.
5. Умерено со алкохолот
Претерувањето со алкохолот никогаш не е добро, а лето особено може да доведе до бројни штетни последици, па навистина треба да бидете претпазливи. Мажите поради својата конституција може да поднесат чаша вино или пиво на ден, а таа мерка за жените е и помала. Особено избегнувајте консумирање алкохол на плажа.
6. Не скокајте во морето
Капете се или шетајте по плажата рано наутро, или по 17 часот, но ниту тогаш немојте да скокате во морето непосредно по изложувањето на сонце, додека вашето тело се уште е загреано. Во морето влегувајте постепено, така што организмот да има време да се адаптира на пониската температура.
7. Следете ја прогнозата и адаптирајте се
Во временската прогноза обично се објавуваат предупредувањата за надоаѓачкиот топлотен бран, односно за периодот од неколку дена во текот на кој температурите би можеле да бидат повисоки од просекот, што го зголемува ризикот за оние со кардиоваскуларни болести. Следете ги прогнозите и адаптирајте го однесувањето – не патувајте и не излегувајте о најголемите горештини, настојувајте да го организирате животот така што ќе го избегнувате директното сонце и останете во климатизиран простор.
8. Не ги занемарувајте симптомите
Реагирајте ако почувствувате непријатност која се шири во рамениците, грбот, забите и долната вилица, со вртоглавица и слабост како и со ладна пот, дури и ако немате проблеми со срцето и не пиете лекови.
Консултирајте се за симптомите барем со матичниот лекар и договорете го времето во текот на кое вашите домашни ќе ве следат и ќе ве однесат во болница ако проценат дека треба. Со правовременото доаѓање во болница може да се спречат повеќекратни последици на инфарктот и значајно да се намали ризикот од смртност.
9. Јадете малку, полесно и почесто
Мрсната и тешка храна тешко поминува низ системот за варење, а во лето тоа е уште поизразено и може битно да влијае на тоа како се чувстувате. Организирајте ја исхраната во повеќе мали и лесни оброци, со акцент на зеленчук и овошје, со тоа што оброците треба и калориски да ги адаптирате. Намалето го внесот на храна пржена или печена во длабоко масло.
10. Избегнувајте ги високите температури
Не излегувајте надвор помеѓу 9 часот наутро и 17 часот, за да го избегнете изложувањето на најголемите горештини.
Доколку мора да излезете во тоа време, облечете се полесно и избегнувајте одење на директна сончева светлина. Дефинитивно избегнувајте големи напори, како што се домашни работи, возење велосипед или долго одење на големи горештини.


