Спасовски побарал од Бугарите детална истрага за каменувањето на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград

Каменуван излогот на македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“ во Благоевград / Фото: БНТ

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски побарал од бугарските власти детална истрага за инцидентот во Благоевград, потврдија од МВР за „Телма“

-Министерот Спасовски побара детална истрага за каменувањето на македонскиот клуб во Благоевград и доби уверување од бугарскиот министер дека се преземаат сите мерки за расчистување на случајот. Во однос на донацијата, службите задолжени за меѓународна соработка од министерствата на двете земји ги преземаат сите потребни активности за подготовка на договор за донација, врз основа на кој ќе се изврши примопредавањето на донацијата, велат од МВР во Скопје и објаснуваат дека средбата би била за донацијата и би се случила откако ќе биде изготвен договорот за донација.

Бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев денеска изјави дека барал нова средба со Спасовски, овој пат во Делчево, за да разговараат за застојот на границата и за најавената бугарска донација за техничкиот систем на Деве Баир да функционира и да не „паѓа“ како во саботата.

„Ја поддржуваме комуникацијата, но сакам македонската страна да разбере дека патот кон добрососедските односи и патот кон Европа минува низ дејствија, а не низ зборови. Дејствијата треба да соодветствуваат на зборовите,“ изјави бугарскиот министер пред медиумите во Софија и посочи дека ја испратил донацијата од три генератори за струја за граничната полиција на Македонија.

Каменуван македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот