Демерџиев бара нова средба со Спасовски, но во Делчево, не во Скопје

Иван Демерџиев/Фото: Скриншот

Северна Македонија треба да разбере дека патот кон Европа и добрите меѓусоседски односи минува преку дејствија, а не преку зборови, порача бугарскиот министер за внатрешни рбаоти Иван Демерџиев по случувањата на границата кога на бугарски граѓани не им беше дозволено да учествуваат на чествувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, објави БНР.

– Група бугарски граѓани беа запрени на границата, а над 40 минути беа проверувани полициските сили за кои имаше одбрение да ме придружуваат на таа посета. Ние презедовме дејства со Министерството за надворешни работи уште истиот ден. Побарав објаснување зошто и кои се причините, а како прва причина ние беше споменато прекин во електричната енергија, па денеска праќам три генератори на трите пункта за да има струја, изјавил Демерџиев.

Тој информираше дека побарал нова средба со министерот Спасовски до крајот на неделава, но тоа најверојатно ќе се случи во Делчево, а не во Скопје.

– Ја поддржуваме комуникацијата, но сакам македонската страна да разбере дека патот кон добрососедските односи и аптот кон Европа минува низ дејствија, а не низ зборови. Дејствијата треба да соодветствуваат на зборовите, вели Демерџиев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот